Активности
Установата во континуитет покрај реализирањето на својата програма - згрижување, воспитување на предучилишни деца, учествува во сите активности кои се организираат во градот како и во хуманитарни акции:
- одбележување на Денот на екологијата,
- учество во одбележувањето на Денот на планетата Земја,
- прославување на меѓународниот ден “Сите на велосипед” - како најмлади учесници на прославата,





Нашата установа покрај тоа што го одбележува националните празници, акцент става и на негување на традициите и обичаите на нашиот народ, а во последните години и размена на искуства во одбележување на празниците на другите заедници.



Јавна дејност на Установата и соработка
Соработката на Установата со Општината е на високо ниво, односно со нивната подготвеност за поддршка на нашите потреби и планови. Успешно ги реализиравме активностите што се однесуваат на проширувањето на дејноста во руралните средини, работата во втора смена, сабота, осветлувањето на објектите, поддршката во реализирањето на нашите проекти и др.
За успешноста на наведени активности придонесе и добрата соработка на Установата со Министерството за труд и социјална политика при Владата на РМ.
И во иднина Установата ќе работи во унапредувањето на дејноста во сите сфери, како и кон следењето и имплементитањето на сите новини од областа на воспитно-образовната работа со децата од предучилишна возраст.